Достапни линкови

На почетокот проблеми


Американците во повеќето сојузни држави веќе почнаа да го даваат гласот за идниот нивен претседател. И покрај тоа што изборниот ден е четврти ноември, во клучните изборни држави како Флорида и Колорадо, законите им дозволуваат на граѓаните да гласаат две недели пред тоа. И веднаш се појавија проблеми.

Само неколку дена откако почна предвременото гласање има извештаи за нефункционирање на гласачките машини и за грешки во гласачките ливчиња. Тука се и вообичаените политички мотивирани прашања за тоа кој може или не може да гласа предвремено. Во Калифорнија, некои гласачи гласаат без да излегуваат од автомобилите, во Флорида, Невада и Тексас пак чекаат во редици и по неколку часа. Триесет и една држава им дозволува на граѓаните да гласаат пред изборниот ден, а во другите тоа може да се прави и преку електронска пошта. Се проценува дека скоро една четвртина од американските избирачи ќе имаат гласано пред четврти идниот месец. Во Џорџија и во Флорида веќе неколку стотици илјади луѓе гласале.

,,Денеска ќе почнете да гласате. Затоа сакам од сите по овој собир, ако веќе не сте го напаравиле тоа, да гласате. Не чекајте до Четврти ноември. Сакаме да бидеме сигурни дека вашиот глас ќе биде пресметан."

Им порача во понеделникот во Флорида на своите приврзаници претседателскиот кандидат на Демократската партија Барак Обама. Кампањата на демократите беше свртена кон младите новорегистрирани гласачи, што според некои проценки, донесе резултат. Тоа пак предизвика реакција кај републиканците кои во неколку држави покренаа судска постапка за утврдување на законитоста во запишувањето на новите избирачи. Од друга страна пронајдени биле докази дека републиканците во Мичиген и во Њу Мексико во изминативе месеци исчистиле повеќе од три милиони луѓе со право на глас. И гласачите чие избирачко право е дискутабилно, според законите, можат да гласаат, но нивниот глас ќе биде пресметан во резултатите само откако судот донесе одлука за тоа. Прашањето со неправилности во гласањето е посебно сериозно по контроверзните претседателски избори во две илјадитата година кога демократскиот кандидат Ал Гор и неговит републикански ривал Џорџ Буш стигнаа и до Врховниот суд. Одлуката на судот во врска со неколку стотици гласови од Флорида беше во корист на Буш. Поучени од тоа, адвокатите на сегашните кандидати Барак Обама и Џон Мекејн веќе ги имаат подготвено нивните стратегии во случај на тесен резулатат.
XS
SM
MD
LG