Достапни линкови

Деталите сеуште не се прецизирани, а стручната јавност посочува дека треба да учествуваме


Се уште е рано да се каже како Македонија би се вклучила во изградбата на нуклеарната електрана Белене и што би добила од тој проект. Денешната средба со претставниците на бугарската влада се само првични разговори, изјави министерот за економија Фатмир Бесими. Од кабинетот на вицепремиерот Зоран Ставревски информираат дека целта на денешната посета на владин тим во Бугарија е да се разгледаат можностите и условите за евентуално учество на Македонија во изградбата на Белене, довршување на далноводот Штип-Црвена Могила, изградба на железничкиот коридор 8, како и реализација на процесот на гасификација на земјава. И од државните електрани на Македонија, велат дека повеќе детали околу евентуалното вклучување на земјава во проектот Белене ќе се знаат по враќањето на владиниот тим од Бугарија. Експертите пак велат дека нема дилеми дека вклучувањето на Македонија во изградбата на нуклеарната електрана Белене е добра идеја, оти струјата која би ја произведувала електраната би имала пониска цена од онаа што моментално ја купува државава.

„Ние немаме 200 милини и за увоз и други 200 милиони за да учестуваме во објектот, но може во рамките на буџетот кој што е над 2 милијарди евра, може да се најдат средства за да се учестувава годишно со 100-тина милиони во Белене. Тие средства навидум се даваат, но ќе се вратат многукратно со тоа ќе имаме евтина електрична енергија.“

Изјави проф. Атанаско Туневски, поранешен директор на МЕПСО. Но, постојат повеќе начини на кои Македонија би можела да се вклучи во овој проект, објаснува проф.Константин Димитров.

„Може да се ангажира струја, значи однапред да се плати. Може да се купи дел од електраната, и да се каже една десетина работи за мене, значи плаќам за тоа и плус за една десетина работници. Потоа, може да се биде и акционер со предност на купување, значи има безброј можности.“

Изградбата на нов енергетски објект како што е Белене, би ги ублажила проблемите со недостиг на електрична енергија и оптовареноста на државната каса поради увозот на скапа струја.

„За купувањето на дел од нуклеарната електрана Белене, го сметам за позитивно бидејќи тоа е објект изграден во ЕУ, со сериозен договор потпишан меѓу државата и ЕУ, односно со соодветниот парнтер во ЕУ, би се добил сериозен договор односно тој наш капацитет што би го купиле таму, би бил наш, сеедно што не е на наша територија.“

Посочува Туневски.
XS
SM
MD
LG