Достапни линкови

Бошковски, Керим, Ставревски, Пенов – само дел од имињата кои се споменуваат како можни кандидати


Бошковски, Керим, Ставревски, Пенов се дел од имињата кои се спомнуваат во јавноста како можни кандидати за претседател. Иако до изборите има околу пет месеци првите политички пораки викендов од Битола ги прати поранешниот хашки притвореник Бошковски. Експертите сметаат дека без разлика на личностите кои се споменуваат и овие претседателки избори ке бидат слични со сите досега. Според професорот Јован Донев фокусот на дискусијата ќе биде ставен на веќе екслоатираните теми:

„Ќе се расправаат за вработувањето, ќе се расправаат за името, НАТО, ЕУ и толку.’

Донев смета дека всушност овие не се теми за кои треба да дискутираат кандидатите за претседател бидејки како што вели следниот кој што ке ја извршува таа функција би требало да преставува татко на нацијата.

„Ние имаме сериозен проблем со дефинирање на улогата на претседателот, не од уставно правен аспект, туку од системот на вредности која е улогата на претседателот и која е неговата задача во создавањето на нацијата. Дали сте чуле некогаш да чуете претседател на држава да каже како мисли да создаде македонска нација како политичка категорија, како мисли да ги обедини македонците, албанците, ромите, турците итн.“

Не е битно кој ке биде кандидат туку која политичка партија ке го подржи смета професорот од универзитетот на Југоисточна Европа Имер Исмаили:

„Мислам дека личностите овој пат нема да одлучуваат околу тоа кој ќе биде кандидиран, туку многу ќе биде битно од која партија ќе биде личноста што е кандидирана.“

Проблемот со името пак кој беше најмногу експлоатиран на вонредните парламентрани избори според Исмаили нема да биде во фокусот и на претседателката дебата. Со тоа смета тој би се навлегло во сферата на шпекулациите бидејки решавањето на спорот не зависи само од шефот на државата

„Се надевам дека сите партии, односно кандидати ќе го избегнат тоа знаејќи дека тој проблем неможе да го реши претседателот, а не некој кандидат со своја платформа да го реши тоа.“

На минататите претседателските избори во 2004 година Црвенкосвки и Кедев најмногу зборуваа за безбеднсота НАТО и Европската унија но тема беше и невработеноста а дебата изобилуваше и со лични дискфалификации. Четири години подоцна влезот во евроатланските структури како тема ја навести можниот престендент за претседатка функција Бошкосвки кој на промоцијата на граганското здружение ОДАМ чиј почесен член е, порача дека знае како Македонија да влезе во Европа што според него е единствена опција за земајва.
XS
SM
MD
LG