Достапни линкови

Брисел: Македонија сеуште не е подготвена за почеток на преговори за членство во ЕУ, изјави Оли Рен


Комесарот за проширување на Европската унија Оли Рен во Брисел, три недели пред добивањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во исполнувањето на условите за почеток на преговорите за членство во Унијата, изјави дека Македонија се уште не е спремна за почеток на преговорите за членство.- Ние ќе го изготвиме Извештајот на 5 ноември, но верувам дека ќе биде тешко да и се препорача на Македонија датум за почнување на процесот на преговори. Во моментов ми изгледа дека не се исполнети осумте услови, ниту пак деветтиот, изборите, изјави Рен за „Франспрес“.
XS
SM
MD
LG