Достапни линкови

За владата истражувањето нерелевантно, граѓаните се жалат на високите цени


Скопје успешно се натпреварува со европските градови кога станува збор за цените на прехрамбените производи, покажало истражувањето на Би Би Си кое во праксата го спровеле неколкумина дописници. Ваквите истражувања за владини претставници се нерелевантни и несоодветни. За македонските граѓани тие се само потврда на секојдневната битка за преживување која ја бијат со плати далеку пониски од европските.

„Јас имам роднини таму, кажуваат, во Австралија, со толкави примања, производите се исто скапи колку кај нас, а нашите примања колку се помали!?“
„Скоро се од примањата го трошам за храна, еве бев бурекот беше 40 денари четвртина, сега е 50.“
„Според нашите плати и пензии сметам дека е прескапо, во Европа е скапо, но имаат далеку поголеми примања.“


Цените на прехрамбените производи се формираат слободно на пазарот во зависност од понудата и побарувачката. Некои специфични движења годинава влијаеа на зголемувањето на цените, вели професорот Душан Вељковиќ.

„Оваа година имаше кај класичните прехрамбени производи обично паѓаа во овој период цените на пазарот, но имаше зголемен извоз на прехрамбени производи, на пример, пиперки, домати, грав, извоз и имаше од друга страна и помали приноси, односно помали засадени површини, затоа што лани цените на овие производи драстично паднаа, затоа и помалку засадуваа.“

Она што зависи од Владата е да се зголеми куповната моќ на населението додава Вељковиќ. Во владата велат дека трендот на поскапување на прехрамбените производи од првиот квартал на годинава сега се одвива во споротивна насока и дека поевтинувањето се покажува и во стапката на инфлација која за минатиот месец изнесува седум проценти. Подобрување на бизнис климата , евентуалните странски инвестиции би ја подобриле сликата преку зголемен број вработувања и поголеми месечни примања.
XS
SM
MD
LG