Достапни линкови

Вашингтон: Серија самити на САД и ЕУ за решавање на финансиската криза


Американскиот претседател Џорџ Буш и лидерите на европската унија, објавија планови за оддржување на серија самити на кои ќе се разговара за надминување на глобалната финансиска криза. Овој план беше соопштен откако Буш вчера оствари средба со францускиот претседател Никола Саркози и со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Состанокот се одржа во Кемп Дејвид, во близина на Вашингтон. Буш по средбата изјави дека светските лидери би требало да се фокусираат на создавање потребни промени за да се заштитат од финансиската криза.
XS
SM
MD
LG