Достапни линкови

Приштина: Косовската влада создала законска рамка за мултиетничко општество,вели претставникот на ЕУ


Косовската Влада создаде законска рамка за едно идно мултиетничко општество на Косово, изјави за Франс Прес специјалниот претставник на Европската Унија во Косово Питер Фејт. Според холандскиот дипломат, владата брзо по објавата на независноста во Фебруари го усвоила Уставот и законите, создадала министерства и сили за безбедност, но сепак, околу 100 илјади Срби лојални на Белград кои одбиваат да ја признаат новата држава фрлаат сенка врз нејзинот прогрес. Питер Фејт изјави и дека основната грижа во иднина е да се ангажира косовската српска заедница и да се гарантира взаемно разбирање.
XS
SM
MD
LG