Достапни линкови

logo-print

Лондон: Европските берзи денеска бележат раст


Европските берзи денеска бележат раст, откако вчера инвеститорите беа охрабрени од порастот на Вол Стрит и изутрината на азиските берзи. Изутрината, акциите во Париз пораснаа за 4, 39 насто, во Лондон за 2 насто, додека во Франкфурт за околу 3 насто. Сепак аналитичарите велат дека инвеститорите остануваат внимателни бидејки има знаци дека глобалната економија можеби ќе се соочи со длабока рецесија. Денеска попладне се очекува американскиот претседател Џорџ Буш да даде повеќе детали за наредните чекори на американската влада во справувањето со финансиската криза.
XS
SM
MD
LG