Достапни линкови

Воведување на Бретон Вудс Три системот можен начин за излез од кризата?


Американскиот претседател Џорџ Буш утре ќе им биде домаќин на францускиот претседател Никола Саркози кој е актуелен претседавач на Европската унија и на Жозе Мануел Барозо, претседател на Европската Комисија. Тие во Кемп Дејвид, во близина на Вашингтон, ќе разговараат за воведување на таканаречениот Бретон Вудс Три, или на третата фаза од западниот систем на управувањето со пари, како уште еден чекор во напорите да се надмине светската финансиска криза.

Бретон Вудс системот на паричен менаџмент беше креиран во илјада деветстотини четириесет и четвртата година и со него беа воведени правилата на трговските и финансиските односи меѓу најразвиените идустриски земји во светот. За тоа што всушност ќе значи третата фаза на Бретон Вудс, радио Слободна Европа разговараше со Фредерик Јутс, професорот по економија на Универзитотот Џорџ Вашингтон кој прецизира дека станува збор за поставување стандарди кои треба да ги почитуваат сите инволвирани.

„Една од работите што навистина се обидуваат да го сфатат е правањето избалансирани списоци на фирми, банки и инвестициони фондови кои ќе бидат транспарентни во меѓународни рамки. Сега постојат различни закони во секоја земја посебно и мора да имате барем основни стандарди кои ќе ги почитуваат сите.“

Вели професор Јутс, наведувајќи дека станува збор за прв чекор на кој во почетокот, и покрај инсистирањата за интегрирање, лидерите нема да пристискаат многу во моментот. Тој притоа наведува и еден пример на такви стандарди:

„Да претпоставиме имате Банка А во Њујорк, банка А во Париз и банка А во Лондон. Тие се во сопственост на Банка А Холдинг. Правилата и условите кои треба да ги исполнат се различни што им го отежнува работењето, односно протокот на нивните финансиски средства меѓу границите.“

Затоа, како што вели професор Фредерик Јутс за Радио Слободна Европа, треба да се воспостават правила на своевидно меѓународно координирана работа. Дали тоа ќе значи и вклучување на идентични делови на легислативата што треба да бидат прифатени од сите инволвирани земји?

„Постои еден вид, не сакам да го наречам супервизор или регулатор, но постои Банка за меѓународни порамнувања во Базел, Швајцарија. Преку неа некогаш се врши контрола на капиталот што го имаат големите банки. Мислам дека ќе се оди на проширување на нејзините надлежности.“

Наведува професор Јутс кој сепак вели дека ќе треба да мине извесно време пред земјите да го прифатат тоа и оти Бретон Вудс Три би требало дотогаш да биде извесен водич низ правилата, барем додека не се почуствуваат првичните резултати од евентуалните нови стандарди.
XS
SM
MD
LG