Достапни линкови

Граѓаните на Србија без визи во ЕУ во 2010?


Дали е можно Србија поради неусвојувањето на потребните законски акти, да изгуби уште една година и нејзините граѓани во Европската унија без виза да патуваат дури на почеткокот на 2010. Примената на привремениот трговски договор беше тест за односите на Србија со Унијата, но и овде се покажаа слабостите на политичката оперативност на Белград.

Властите во Србија не ги исполнија ветувањата дека до 31 декември ова година ќе ги заменат старите пасоши со биометриски.Тие го продолжија рокот за замена на патните исправи до крајот на идната година и со тоа го загубија зададениот датум,односно како што беше планирано граѓаните на Србија до средината на 2009 да патуваат во Европската Унија без визи. Причина за тоа исто така е и опструктивната работа на парламентот, односно протестот на радикалите, но и последните неколку случувања во регионот кои наметнаа политичка расправа, вели директорката на владината канцеларија за приклучување кон Европската Унија Тања Мишчевич:

,,Големо случување, кое за жал ги замагли и значајните билатерални случувања поврзани со признавањето на едностраната прогласена независност на Косово и Метохија. Така што тој документ, кој почнавме да го работиме во декември минатата година во услови кога се распуштија парламентот и владата, односно техничка влада, го престави планот за усогласување на српскиот правен систем со ситемот на Европската Унија кој треба да биде завршен до 2012 година."

Доколку парламентот не ги усвои законите и прописите кои се потребни за ставање на Србије на белата шенгенска листа, тогаш таа листа нема да ја добиеме во предвидениот рок, предупредува Јуриј Бајец советник на српскиот премиер

,,Во Брисел не се создава Европска Унија за Србија, Европската унија се создава внатре во Србија – мислим дека некој тоа сеуште не го разбира."

Првиот сериозен тест, кој за односите и обврските со Европската унија ги имаше Србија, беше примената на привремениот трговски договор. Овде како што вели советникот на српскиот премиер се покажаа слабостите на политичката опративност и примената на договорот.

,,На прашањето дали треба да бидеме исплашени од одлуката дека Србија треба да почне да го применува економскиот дел од овој договор, мојот одговор е дека не треба. Бидејки, договорот веке функционира, Европска унија најголемиот дел од тој процес веќе го отвори и Србија од својастрана тие ефекти почна да ги користи."

изјави Бајец

Доколку и со најбрза работа, парламентот и владата ги усвојат неопходните законски решенија, приближувањето на Србија до Европската унија, сепак најмногу ќе зависи од соработката со Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG