Достапни линкови

Кабул: Најмалку 18 цивили убиени во воздушен напад на НАТО во Авганистан


Најмалку 18 цивили се убиени во вчерашниот воздушен напад на НАТО врз село во јужната авганистанска провинција Хелманд. Според агенциите меѓу загинатите има и жени и деца, а НАТО силите започнале со истрага за да ги утврдат причините за инцидентот. Во одделен напад во источната провинција Пактика авганистански полицаец застрела американски војник по што и самиот бил убиен од американска патрола. Ова е втор таков случај во Авганистан месецов што ја зголеми загриженоста на сојузничките сили дека во полицијата се инфилтрирани бунтовници.
XS
SM
MD
LG