Достапни линкови

Намалувањето на цензусот значи и намалување на легитимитетот, оценуваат експертите


Во Собраниските тела веќе се даде ,,зелено светло“ за промените на Уставот во делот на избор на претседател на државата со што во вториот изборен круг се намалува цензусот за негов избор, од досегашните 50 проценти, на 40. Откако ова го потврди Уставната комисија, се очекува промените, кои настанаа како резултат на договорот меѓу политичките лидери, да се официјализира и во Собранието. Но, прашањето за намалување на цензусот за избор на претседател отвори многу дилеми, односно какви ќе бидат импликациите врз системот на уредување на државата со оглед на тоа дека претседателот согласно Уставот има големи овластувања во телот на надворешната политика, одбрана, судството, правото на вето за потпишување на закони... Професорот Осман Кадриу на став дека дефинитивно со ваквата промена се намалува легитимитетот на претседателот, а тоа сигурно ќе го доведе во прашање неговите ингеренции:

„Самата позиција, самата функција и легитиметот, се доведуваат во прашање, а со самиот факт дека се доведува во прашање легитиметот, тоа ќе има влијание и врз надлежности.“

Изјавува Кадриу кој објаснува дека токму затоа уставните измени нужно ќе предизвикаат промени во системот на уредување на државата:

„Така да сегашните надлежности се јасни, според мое мислење јасни се и односите меѓу претседателот на државата и владата од една страна и протеседателот на државата и собранието од друга страна, а сега со овие интервенции сигурно ќе има измени и во другите делови каде што се регулираат односите помегу овие клучни, витални функции на државата – Парламнет, Влада, Претседател, судска власт.“

Образложението пак дека ваквите промени за намалување на цензусот во вториот изборен круг, се иницираат за да се избегнат изборни нерегуларности, според професор Кадриу не се сериозни:

„Не се сериозни од причини што, доколку ние сме правна држава и доколку кај нас функционираат органите, ние фалсификати можеме да имаме и во првиот круг, не е речено дека тоа мора да биде само во вториот круг.“

Вели Кадриу. Професорот од Правниот факултет Саво Климовски пак потенцира дека македонскиот Устав постојано е генератор на кризи со ваквите непрецизирани промени и тој мора да доживее комплетна измена:

„Затоа што нашиот Устав сега има толку правни празнини, неусогласености меѓу себе што веќе самиот е неодржлив и тој создава кризи, самиот по себе, а ќе создава уште повеќе со вакви лепенки.“

Смета професор Климовски.
XS
SM
MD
LG