Достапни линкови

Неусогласените ставови не и помагаат на позицијата на Македонија, оценуваат експертите


Државниот врв денеска во претседателскиот кабинет на координација на која треба да се изгради официјалниот став на Македонија за последниот пакет идеи за името на преговарачот Нимиц. Минатата недела прво Црвенкосвки, а потоа и Груевски пакетот го оценија како неповолен. Претседателот презицираше - без сериозни измени предлогот не може да преставува основа за понатамошни преговори. Она што за Македонија преставува најголем проблем се предлозите кои ги дава медијаторот за именување на нацијата и јазикот што домашната политичко - експертска јавност ги оцени како преминување на црвената линија односно зачувување на идентитетот. Но, иако забелешките на претседателот и премиерот сега одат во иста насока неизвесен е епилогот и од денешнта средба. Имено по последната координација на која требаше да им се дадат иснтрукции на македонските преговрачи пред нивното заминување во Њујорк во јавноста избија несогласувањата мегу државно владиниот врв. Експеретската јавност е поделена во очекувањата и од денешната средба. Мора да се надминат емоциите , суетиоте и тенденцијата за политички маркетинг и да се изгради државнички став смета професорката Лидија Христова од Инситутот за политичко правни истражувања

„Јас би сакала да верувам и да се надевам дека ќе се најде некаков заеднички јазик кој ни е повеќе од потребен, затоа што вака се повеќе се вкопуваме во рововска битка и на надворешен и на внатрешен план, а тоа нема да придонесе за подобра позиција на Македонија.“

Професорот од Штуловиот универитет Илбер Сеља со сосема поинакви очекувања. Тој смета дека денешната координација нема да донесе заеднички државен став ниту поумерени тонови мегу претседателот и премиерот. Според Сеља суштината на несогалсувањата е во борбата за гласови на изборите коишто следат и како што вели токму поради тоа очекува односот на Црвенсковски и Груевски во јавноста да остане ист:

„Црвенковски и Груевски знаат дека треба да најдат компромис за името, и тоа го знаат, ама се обидуваат да земат политички поени кај народот.“

И додека во Македонија сеуште се полемизира дали државниот врв ке успее да формира заеднички став за послениот пакет идеи на Нимиц офцијална Атина сооптшти дека ке го чека Скопје прво да излезе со оценка. Дел од експерите сугерираат Македонија да не го одбива предлогот туку да се обиде да го подобри во деловите кои се оцениети како неприфатливи.
XS
SM
MD
LG