Достапни линкови

Брисел: Согласност за спасување на финансискиот сектор, денеска продолжува самитот на ЕУ


Земјите членки на Европската Унија го прифатија планот за спасување на финансискиот сектор, што беше договорен на состанокот на 15-те земји од еврозоната, изјави францускиот претседател Николас Саркози, на вчерашниот самит во Брисел кој треба да продолжи и денеска. Саркози додаде дека на денешното продолжение треба да бидат донесени заклучоци, чиј текст сепак сеуште треба да се усогласува. Во неделата на состанокот во Париз, државите од еврозоната договорија план кој вклучува гаранции за банкарските заеми и можност за докапитализација на банките.
XS
SM
MD
LG