Достапни линкови

Астана: Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на конференција во Казахстан


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски од денеска ќе престојува во Астана – Република Казахстан, каде што ќе учествува на министерската конференција на западните и муслиманските земји „Заеднички свет – прогрес низ различностите“. Во рамки на дводневниот престој Милошоски, како што соопштуваат од МНР, ќе има средба со министерот за надворешни работи на Република Казахстан, Тажин Марат Муханбет Казиевич, со кој ќе разговара за натамошниот развој на односите меѓу двете земји, мегу кои и продлабочување на економската соработка.
XS
SM
MD
LG