Достапни линкови

Женева: Русија и Грузија ги започнаа првите директни разговори по конфликтот


Русија и Грузија денеска во Женева ги започнаа првите директни разговори од конфликтот во август годинава во Јужна Осетија. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун изјави дека разговорите, зад затворена врата, имаат за цел да ја обноват довербата меѓу двете страни. На средбата учествуваат и претставници на Соединетите држави, како и на Јужна Осетија и на Абхазија кои Русија веќе ги има признато како независни држави на што се противи Грузија.
XS
SM
MD
LG