Достапни линкови

logo-print

Токио: Берзите во Европа и Азија забележаа слаб пад, по дводневниот пораст на вредностите


Берзите во Европа и во Азија денеска забележаа слабо опаѓање по дводневните големи порасти на нивните вредности. Тоа, според агенциите, е поради страхувањата дека плановите за спасување на глобалниот финансиски систем, вредни неколку стотици милијарди долари, нема да придонесат и за заздравување на економијата. Вчера и американските берзи забележаа опаѓање откако претседателот Џорџ Буш објави план од двесте и пеесет милијарди долари за обнова на довербата во банките.
XS
SM
MD
LG