Достапни линкови

logo-print

Баку: Во Азербејџан денеска се одржуваат претседателски избори


Во Азербејџан денеска се одржуваат претседателски избори. Актуелниот шеф на државата Илхам Алиев се соочува со шестмина кандидати, но се очекува тој повторно да биде избран. Опозицијата која ги бојкотира изборите упати забелешки до Европската унија и до Соединетите држави дека не успеале да извршат поголем притисок врз властите за спроведување на реформите во земјата. Изборите ги набљудуваат четиристотини претставници на ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG