Достапни линкови

Тирана: ЕУ го предупреди Бериша да не се меша во работата на обвинителството


Дипломатските претставници на ЕУ во Тирана се придружија на предупредувањето дадено од амриканските дипломати до албанскиот премиер Сали Бериша, владата да не се меша во работата на обвинителството. Во заедничката изјава тие ја нагласуваат загриженоста и вонзнемиреноста од последните случувања на релација влада-обвинителство и честите мешања на политиката во работата на овој систем. Само ден пред ова, Бериша на прес конференција го обвини Обвинителството дека ги крши човековите права на српско-босанскиот бизнисмен Дамир Фазлиќ. Тој побара меѓународна истрага која ќе утврди дали Фазлиќ профититал или не од владата на чие чело е тој. Премиерот отворено кажа дека не верува во способноста на домашните обвинители. Според медиумите во Тирана, на повидок е нов скандал на владата на Бериша, која го помагала Фазлиќ да профитира милионски суми, посебно при набавката на електрична енергија. Бериша сам призна дека Фазлиќ му бил добар пријател, но отфрли било каква вмешаност на владата во неговата активност.
XS
SM
MD
LG