Достапни линкови

logo-print

Скопје: Почнува вакцинацијата од грип


Денеска почнува имунизацијата против сезонски грип, за што се набавени 39 илјади вакцини, соопшти министерството за здравство. Вакцинацијата ќе чини 400 денари и ќе се врши во сите заводи за здравствена заштита низ земјава и во овластените приватни здравствени установи. Вакцините се регуларно регистрирани и Министерството гарантира за нивниот квалитет. Вакцинацијата особено се препорачува за стари лица над 65 години, деца до седумгодишна возраст и за ризичните категории на население - хронично болни, лица со срцеви и респираторни заболувања, дијабетичари и лица со намалена отпорност.
XS
SM
MD
LG