Достапни линкови

logo-print

Брисел: Приведувањето четворица македонски новинари во Грција тежок преседан, оцени Груевски


Приведувањето на четворицата македонски новинари во Леринско за премиерот Никола Груевски е тежок преседан на Грција. Груевски ова го изјави за Македонската телевизија од Хаг, каде што е во посета на Јохан Тарчуловски. Во изјавата тој вели дека за случајот го информирал и Кабинетот на високиот претставник за надворешна политика Хавиер Солана и соопшти дека на утрешната средба со него во Брисел ќе го отвори прашањето за приведените новинари и за воените вежби во близина на македонското малцинство во Грција.
XS
SM
MD
LG