Достапни линкови

700-тини работници ќе бидат отпуштени од Скопски Легури


Никој не може да предвиди што ќе се случува на светскиот пазар во поглед на цената на металите во која единсвено се гледа спасот за сегашната состојба во металуршката индустрија. Како што во моментов стојат работите во Македонија моментов ситуацијата се заканува да предизвика катастрофални последици. Производството драстично се намалува а вработените си заминуваат дома. Скопски легури ќе отпушта по 200 работници неделно, вкупно околу 700, ни потврди и денеска директорот Костас Јанкоглу. Професорот Зоран Ивановски вели дека законските можности им даваат одврзани раце на компаниите и на работодавачите да одлучуваат во вакви услови.

„Законот е на страна на работодавачите, слободно компаниите можат да одлучуваат, така да тие ќе донесуваат одлуки согласно нивната желба за максимизирање на профитот и може да се очекува намалување на бројот на вработените во нашите компании.“

До вчерашната одлука на Скопкси легури бројката на работници во македонија кои ги почувствувале последиците се одвивала околу 200, 160 од фени индустри кои се на принуден одмор и дел работници од Миталстил кои користат принуден одмор. Вели Претседателот на синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството, Ристески засега не го гледа штрајкот како решение за проблемите со оглед на тоа што компаниите се затвараат а работодавачите и владата се сеуште во интензивни контакти од кои се очекува исходот. Во секој случај, Ристески напоменува дека природата на кризата е таква што целата нејзина тежина не може да ја понесе само еден субјект. Синдикатот се обидува да издејствува принуден одмор или ротирање на вработените, вели Ристевски. Но наспроти Ивановски според кого државата во конкретнава ситуација може да преземе не економски туку само социјални мерки, тој вели дека шпостојат многу механизми со кои и владата би можела да помогне.

„Во соседството и во развиените земји, дури и бенифицирана струја имаат овие големи потрошувачи. Второ во делот на транспортот, најскап транспорт во светот е камионскиот превоз, а нашата железница неможе да ги опслужи овие претпријатија кои милиони тони увезуваат или извезуваат камионски, а нашата Железница не е подготвена да им возврати со услуга, затоа што нема вагони.“

Истовремено, и македонските рудници ја намалуваат рентабилноста во работењето. Рудникот за бакар и злато Бучим веќе работи со загуби поради падот на берзанската цена на металите со кои работи на светскиот пазар.

„Ние веќе правиме планови, евентуално да се конзервира опремата затоа што ние или мора да работиме со полн капацитет или воопшто да не работиме.“

Вели Николајчо Николов од Бучим.
XS
SM
MD
LG