Достапни линкови

logo-print

Следните денови ќе покажат дека довербата во финансискиот систем може да се врати


Во следните денови, судејки според изјавите на клучни личности од влади и глобалните финансиски институции, ќе се види дека довербата може да се врати во банкарските системи. Како и да е, клучните светски играчи заседаваа викнедов а денеска цената на нафтата порасна, и повеќето азиски и европски берзи изутрината позитивно реагираа.

Повеќето азиски и европски берзи изутрината покажаа растеж, кој како што јавуваат светските новински агенции е резултат на напорите на светските лидери за обнова на стабилноста на глобалниот финансиски систем. Пазарите во Австралија, Јужна Кореја, Хонг Конг и Сингапур пораснаа. Јапонската берза е затворена поради празник, а загуби има на главните кинески и тајвански берзи. Цената на нафтата исто така порасна и денеска се тргуваше за над 80 долари за барел во Азија. Овие првични позитивни реакции следат по состаноците на лидерите на Европската Унија во саботата во Париз и Вашингтонската средба на министрите за финансии на Г 7 и Монетарниот фонд. Британскиот Премиер Гордон Браун по разговорите со францускиот претседател Николас Саркози и другите евопски лидери изјави.

„Јас верувам дека ке видиме во следниве денови акција ширум светот која на луѓето ќе им покаже дека довербата во банкарскиот ситем може да се врати, со разни комплексни мерки подржани од владите во секој дел на светот. “

Лидерите на Европската Унија од евро - зоната, имено, вчера се договорија за нов план за гаранција на меѓу банкарските заеми до крајот на 2009 со цел да се спречат натамошни колапси на банките. Слично како и британскиот план од 500 милијарди фунти и земјите на евро зоната предвидоа план за спас. На нивниот состанок му претходеше средбата на министрите за финансии на Седумте најразивиени земји во светот и Меѓународниот монетарен фонд на која исто така беше ветено дека ке се превземат сите неопходно мерки за да се вратат во нормала кредитните пазари како и да се одбранат банките. изјави Доминик Штраус Кан претседател на Меѓународниот монетарен фонд.

„Тоа што во суштина треба да го видиме во следниве денови и што јас очекувам да се случи е позитивна реакција на различни институции која ке биде доволна за одмрзнување на различните пазари и отворање на неопходните фондови.“

Светската Банка ке му се придружи на ММФ со сите свои ресурси – финансии, анализи, совети за засилување на економиите на замјите во развој и заштита на ранливите групи како последица на кризата

„Ова катастрофа е предизвикана од човекот. Акцијата и одговорот лежат во наши раце. И додека владите сега се свртени кон домашните работи и сопствената јавност, ние мора исто така да обезбедиме дека тие нема да се откажат од нивните обврски за помош за остварување на милниумските цели.“

изјави Роберт Зелик – претседател на Светската Банка.
XS
SM
MD
LG