Достапни линкови

Прашања за домашна употреба кои му штетат на преговарачкиот процес, оценка на експертите


Пред неколку месеци премиерот Груевски преку писма побара од медијатроот во грчко македонскиор спор за името да биде вклучени и прашањата за непризнавањето на Македонската од Грчката црква и решавањето на проблемот со македонското малцинство кое живее кај севрениот сосед. Оттогаш досега на ниту една средба на преговарачите Димитров и Василакис, Нимиц не ги отворил овие теми тврдат извори вклучени во преговорите. Тие објаснуваат дека за тие прашања биле испратени само писма всушност не било официјално побарано да бидат ставени на агендата на преговори а за нив додаваат нашите извори не се разговарало ниту на средбите на државниот врв. Според универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски отворањето на прашањата за МПЦ и малциниството било пред се за домашна употреба и како што вели уште на почетокот било јасно дека тие нема да бидат вклучени во преговорите. Негативен е ефектот кој се постигна смета Фрчковски:

„Не третираат несериозно, како луѓе коишто сакаат да го избегнат разговарањето кое е отидено многу напред, како бојкотирачи на преговорите, во таа смисла, не знам дали има голем негативен ефект, бидејќи нас не бранеа и сеуште не бранат САД, така што негативниот ефект од тоа го амортизираше поддршката од САД, инаку би можел да биде многу понегативен ефектот.“

И аналитичарот Ризван Сулејмани се согласува но тој смета дека негативниот ефект се одразил и во последниот пакет идеи на медијаторот кој од страна на државниот врв беше оценет како неповолен. Според Сулејмани причина за тоа е лошиот е периодот кога Груевски реши да го отвори прашањето за македонското малцинство во Грција

„Тоа е негативно по мене, затоа што пред да се реши проблемот со името, однапред фактички бара признавање на македонското малцинство, што е главен проблем фактички.“

Нимиц пак иако речиси по секоја од последниве средби велеше дека се преговара само за името во минатонеделниот предлог дава опции за именување на нацијата и јазикот, односно ја преминува црвената линија за зачувување на идентиот за која единствено и државно партиска согалснот во земјава. Според Фрчковски од интерес на државава е да се дефинираат јазикот и нацијата во текот на преговорите кои ги води Нимиц

„Ако немаме решение за тоа прашање, ако само за името разговараме, тогаш идентитетот кога ќе го завршиме името, кога ќе имаме договор, кај идентитетот ќе доживееме таков притисок во меѓународни организации, да се нарекуваме со новото име, идентитетот да го извлечеме од новото име, што ќе се чудиме кај сме и што не снашло.“

Сулејмани пак врз основа на предлогот на медијаторот оценува дека и сега тој избегнал конкретно да се инволвира во решавањето на идентитетските прашања:

„Јас како го читам фактички, тоа бара тој во наредната фаза тој проблем да се разгледа.“
XS
SM
MD
LG