Достапни линкови

Белград: Амбасадорите на Македонија и Црна Гора ја напуштаат Србија


Откако владата на Србија ги прогласи за персони нон грата, амбасадорите на Македонија и на Црна Гора Александар Василевски и Анка Војводиќ го напуштаат Белград. Српските власти велат дека мерката била применета затоа што овие две соседни земји го признаа Косово само ден откако во Обединетите нации беше одобрена иницијативата на Белград за испитување на правната основа на косовската независност. Во истовреме, српската влада реши да ги врати своите амбасадори во сите земји од кои беа отповикани по нивната одлука да го признаат Косово.
XS
SM
MD
LG