Достапни линкови

Меѓународниот притисок сигнал дека САД долготрајно сакаат стабилен Балкан, оценуваат аналитичарите


Одлуката на Македонија и Црна Гора да го признаат Косово дојде во истиот период кога преговарачите во спорот со името со Грција Димитров и Протегер ја носеа папката со последните идеи на медијаторот од Њујорк кон Скопје. И за двете отворени балканкси прашања, статусот на Косово и проблемот со името веке извесно време се шпекулира дека се под силен меѓународен притиоск да се затворат. И додека со признавањето на северниот сосед земјава го затвори тоа прашање состојбата со името барем засега останува статус кво. Универзитеткиот професор Денко Малески смета дека самата вчерашната одлука за признавање оди во насока кон создавање на побезбеден Балкан бидејќи како Косово е фактичка состојба предизвикана од поделбите на Балканот:

„Со оглед на фактот дека неповратливо се работите тргнати во насока на таа поделба, подобро е и тоа да се санкционира и народите на Балканот да тргнат кон европско обединување.“

Со слично мислење и аналитичарот Махи Несини:

„Долгоорчно гледане ќе придонесе за стабилизација на состојбите на Балканот, иако сосема разбирливо, Србија во моментиве е навредена, погодена и реагира.“

Малески и Несими се согласуваат дека притсиокот на мегународната заедница е насочен кон затврање на двете отоворени балкани парашања статусот на Косово и спорот со името. Но сепак според Малески и покрај тој притисок проблемот мегу Атина и Скопје нема да добие брза разрешница затоа што како што вели тој има своја динамика:

„Притисокот однадвор сигурно е во насока на затворање на отворените прашања, на приклучување на регионот, прво кон безбедносната структура НАТО, а потоа кон ЕУ. Меѓутоа, едно е прашањето за Косово, а друго прашањето за името, за кое не гледам во скоро време можност да се реши.“

И додека состојбите кои ги наметнува мегународната заедница во врска со Косово водат кон завршница и Несими со став дека таков нема да ниде случајот и за проблемот со името

„Работите можеби така брзо нема да се случуваат, со оглед на тоа дека престојат доста фази за заклучување на контекстот со името. Нема да може ова за месец – два да се реши.“

Аналитичарите со согласуваат дека ваквата заинтерсираност на мегународната заедница а особено на Соединтетоите Американски Држави за Балканот покажува дека тие сакаат долготрајно стабилен регион.
XS
SM
MD
LG