Достапни линкови

Причините за нерегуларностите надминати на хартија, државните органи треба да дејствуваат


На формално ниво во однос на елиминирање на причините за нерегуларности на изборите е постигнат напредок, но остануваат прашања на кои треба да дејствуваат и органите на полицијата како и правосудниот систем велат анлитичарите по поледната лидерска средба на која декларативно беше покажана волја меѓу другото да се прифатат забелешките на релевантните меѓунаро дни иснтитиции за фер избори. Цензусот за избор на претседател е намален од 50 на 40 проценти, а претседателот на ДИК ќе биде од опозицијата.

„Ова е шанса за опозицијата да стави кометентен кадар на чело на ДИК наместо свој докажан партиски војник со што повторно само ќе се искомплицираат работите. Меѓутоа, сепак останува имплементацијата на нормативите во пракса, тоа е она од што Македонија најмногу страна.“

вели Суад Мисини.

Поучени од искуствата иако има правна рамка ќе биде прашање како ќе се однесува електоратот, односно како ќе реагираат органите на полицијата во случај на обиди за нарушување на изборниот процес вели политкологот Жидас Даскаловски:

„Од правна страна ние сме имале и до сега многу проблеми коишто сме се обиделе да ги решиме. Но, прашање е како ќе се однесува електоратот и посебно оној дел којшто често пати знае да направи ексцеси на изборните места за време на изборите. Тоа може да се реши со навремено реагирање на МВР.“

Сликата на руинирања на изборниот процес преку полнење кутии со што се манипулираат глсачите беше обележје и на последните избори, поради што земјава доби забелешки од релевантните меѓународни институции. Меѓу другото беше побарано и изнесуавње пред лицето на правдата на сторителите на непрвилностите. Ниту една влада не може да обезебеди услови доколку некој реши да опструира како резулатат на политичко подземните договарања, додава Мисини. Тука не треба да има толеранција во однос на санкцинирање на сите кои го опструираат изборниот процес вели Мисини кој изрзаува забелешки како овие случи беа решени по последните избори.

„Настапува правната држава. Законската регулатива е воспоставена, процесите се јасни и не треба да има отстапка, значи брзо и навремено санкционирање. Според законот, на сите оние кои го опструираат изборниот процес, ќе значи и чекор напред во исполнување на стандардите за фер и демократски избори“

По постигнатата согласност за измените во Изборниот законик Собарнието треба да ги потврди и во функција на добиавње позитивен одговор од Европската комисија И отстрануавње на една од забелешките поарди лошите избори.
XS
SM
MD
LG