Достапни линкови

logo-print

Ваквите одлуки остануваат длабоко врежани во сеќавањата на Балканските народи, смета проф. Ванковска


По вчерашната одлука на македонската влада за признавање на независноста на Косово, во македонските владини институции денеска претпазливост и без поширок коментар како ќе ги дочекаме евентуалните реакции од Србија и на кој начин ќе се одвива натамошната соработка, како и за тоа како понатаму ќе тече воспоставувањето на билатерални односи со Приштина. Многу е рано, за да се предвиди во која насока ќе се одвиваат работите, ни изјавија кусо во Министерството за надворешни работи од каде потенциираат дека ,,деталите ќе се градат чекор по чекор“. Доцна синоќа обелоденувајќи ја одлуката на Владата за признавање на косовската независност, откако во Парламентот беше усвоена резолуцијата, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во однос на натамошната соработка со Белград изјави:

„Ценам дека секоја идна реакција треба да биде добро обмислена и да ги има во предвид перспективата и соработката која Македонија и Србија се повикани да ги имаат една со друга во периодот што е пред нас.“

Рече Милошоски. Во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски пак, засега само кусо потенцираат дека ставот на претседателот искажан во неколку наврати е дека признавањето на Косово е реалност, но потсетуваат на неговото инсистирање – дека демаркацијата на границата и уставното име на Македонија треба да бидат услови за признавање на Приштина. Сепак по ваквата одлука на македонската влада, каква ќе биде натамошната соработка со Србија? Домашната експертска јавност, предупредува дека Македонија мора да биде подготвена на евентуални последици во натамошните односи со Србија која пак сега има и позасилена позиција по подршката во ОН на нивното барање Меѓународниот суд за правда да ја оценува легалноста на косовската независност. Професорот Биљана Ванковска вели:

„Тука значи јас очекувам дека ќе има последици и она што особено ме загрижува е тоа дека на Балканот ваквите чинови никогаш не се само формални или само банални политички чекори, туку остануваат длабоко во сеќавањата на балканските народи.“

Смета Ванковска. Од друга страна, продлабочување на односите со Приштина кои и онака посебно на економски план беа на заводно ниво, сигурно ќе следува, но она што останува отворено е чекорот за признавање без затварање на прашањето за демаркацијата на границата:

„Сега во овој нов момент практично Косово наспроти Македонија се поставува како партнер, односно како држава наспроти држава, и тука е можно да се појави и помалку поинакво однесување, односно поцврсто и понастојчиво во однос на остварувањето на своите интереси.“

Вели професор Ванковска.
XS
SM
MD
LG