Достапни линкови

Скопје: Македонија и Црна Гора го признаа Косово


ладата на Република Македонија вечерва донесе одлука за признавање на Косово. Одлуката е донесена во координација со Владата на Црна Гора, која претходно соопшти дека го признава Косово како независна држава. Во заедничката изјава на двете влади се истакнува дека одлуката за признавање на Косово од страна на Македонија, како земја со кандидатски статус за членство во ЕУ, и Црна Гора, како земја-потенцијален кандидат за членство во ЕУ, е резултат на исцрпна политичка проценка и се заснова на заклучоците усвоени од страна на Советот за општи работи и за надворешни работи на ЕУ од 12 февруари 2007 и 18 февруари 2008, како и на Европскиот совет од 14 декември 2007. Македонија и Црна Гора, се вели во изјавата, конзистентно го поддржуваа процесот на преговорите меѓу Белград и Приштина, а планот на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за решавање на статусот на Косово го сметаа за добра основа за изнаоѓање решение, кое ќе придонесе за трајна стабилност и за нови европски и евроатлантски перспективи на регионот. Прокламирањето на независноста на Косово уследи по пропаѓањето на сите напори на меѓународната заедница, преговорите меѓу Белград и Приштина да резултираат со решение за статусот на Косово. „Поаѓајќи од фактот што институциите на Косово се определија целосно да ги имплементираат принципите и одредбите предвидени во Планот на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за решавање на статусот на Косово, двете земји ќе го поддржуваат градењето на демократските институции на Косово, во функција на создавање мултиетничко општество, во кое ќе бидат гарантирани правата на сите етнички заедници на културен, религиски и јазичен идентитет“, стои во изјавата.
XS
SM
MD
LG