Достапни линкови

Киев: Јушченко распиша предвремени избори


Претседателот на Украина Виктор Јушченко распиша за седми декември годинава предвремени парламентарни избори, откако синоќа со декрет го распушти парламентот. Тоа ќе бидат трети по ред парламентарни избори во таа земја од две илјади и четвртата година. Јушченко во синоќешното телевизиско обраќање ја обвини премиерката Јулија Тимошенко за игнорирање на националните интереси за да се одржи на власт.
XS
SM
MD
LG