Достапни линкови

Без македонски јазик и националност предлогот на Нимиц е неприфатлив


Не е прифатлив и за нас воопшто не е поволен, предлогот на медијаторот Метју Нимиц во делот на македонскиот идентитет да се употребува терминот ,,граѓани, односно националност на Република Северна Македонија“ именувано според истиот предлог за името на државата, коментираат првично домашните експерти по вчерашните преговори во Њујорк на кој како што неофицијално јавуваат медиумите, медијаторот го дал овој предлог:

„Ако не е македонски јазик и македонска националност, целиот предлог мора да отпадне, нема дискусија околу тоа. Ние тука идентитетот неможеме да го правиме северномакедонци, се потоа од тоа ќе се извлече, а токму тоа е она што не смееме да го правиме во целиот предлог.“

Изјавува професорот Љубомир Фрчковски кој вели дека неговиот став во однос пак на предлогот за името Северна Македонија е познат- тоа и не е толку спорно, но мора да биде обезбеден идентитетот односно терминот македонски:

„Немаме проблем со ова, затоа што грците немаат македонска националност, надвор. Тие имаат грчка националност, македонска го употребуваат внатре. Што значи дека терминот не конкурира никому и соодветно на тоа неможе да биде спречено негово користење. Треба да се одвои името од националноста, односно идентитетот на народот.“

Наспроти Фрачковски поранешниот амбасадор Ристо Никовски, го отфрла како апсолутно неприфатлив терминот Северна Македонија како основа за решението за името. Се покажа дека неможе независно од името на државата, идентитетот да остане ,,не чепнат“, посочува Никовски:

„Некои наши истакнати аналитичари пишуваа дека Северна Македонија е прифатливо, а дека ние ќе бидеме македонци. Како што гледате, се покажа дека ние ќе бидеме северномакедонци, а ние тоа не сме.“

И аналитичарот Алберт Муслиу во однос на неофицијалните инфромации за предлогот на медијаторот Нимиц во делот на идентитетот со што предвидува да стои терминот националност на Република Северна Македонија, смета дека тоа не е поволно за нас:

„Дефинцијата јазик и националност на Северна Македонија, е територијална дефиниција што се совпаѓа со некои аспирации на грчката страна да има територијална дефиниција за да можат потоа да инсистираат на преземање на тие културни и историски вредности.“

Објаснува Муслиу.
XS
SM
MD
LG