Достапни линкови

Владата бега од одговорноста за признавањето, оценува опозицијата


Пред почетокот на итната собраниска седица на која единствена седница е разгледување на резолуцијата за признавање на ксово што ја поднесоа партиите од албнскиот блок, парламентарните пратенички групи се конслултираа за градење на ставот коментирајќи дека текстот на резолуцијата не им бил познат зошто им бил доставен доцна синоќа однсоно изутрината:

„Сеуште немаме дефинитивен став, ќе го изградиме заедно со коалицијата, бидејќи синоќа сеуште ја немаше поделено резолуцијата.“
„Синоќа тоа беше откако заминавме, координацијата беше тогаш.“


изјавија Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ и Весна Бендевска од СДСМ на прашање каков е нивниот став во однос на Барањето Македонија да го признае Косово. Но, дел од опозициските партии изразуваат забелешки за начинот на гласање на денешната седница од причина што како што вели Роза Топузовска Каровска доцна синоќа биле известени дека ќе има итна седница за признавање на независноста, а документот изутрината сеуште не им бил доставен. Таа наедно смета дека владата на овој начин се обидува да ја префрли одговорноста на парламентарното мнозинство:

„Признавањето на Косово е надлежност на Владата. Всушност, парламентарното мнозинство сака најверојатно сака да ја понесе одговорноста од која што бега владата. Во овој момент кога се прифати резолуцијата во ОН за Србија и кога треба да се добие правна помош од судот, мислам дека треба да се биде многу внимателен при градење на ставот, не за Косово, туку за начинот на гласање на денешната седница.“

По поднесувањето на резолуцијата од ДУИ, ДПА и Нова Демокартија координаторите на пратеничките групи од власта и опозицијата кај претседателот на Собранието Трајко Велајновски се договорија за одржување на седницата со која Собранието треба да се изјасни за барањето Македонија да го признае Косово. Инаку признавањето на други држави го врши владата, а го верификува параламентот. Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ објаснува:

„Ако се потврди резолуцијата која е доставена од колегите пратеници од албанските политички партии, тогаш тоа ќе се препрати до владата на Република Македонија и тоа би било препорака за постапување.“

Ставањето на резолуцијата на дневен ред беше еден од исловите ан ДПА да се врати во парламентот. За текстот на резолуцијата кој на партиите до изутрината не им беше познат пртеникот од ДУИ Рафиз Алити изјави:

„Мислиме дека со признавање на Република Косово од страна на Република Македонија ќе придонесеме за мирот и стабилизацијата на целиот регион.“

По поднесуавњето на докумнтот ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги свика и сите партнери од Коалицијата за Подобра Македонија. Во меѓувреме премиерот Груевски се сретна со министрите.
XS
SM
MD
LG