Достапни линкови

Неофицијално, во предлогот има неповолни моменти во делот на идентитетот


Молк - таква е состојбата во државниот врв по вчерашната средба на преговарчите Димитров и Протогер со медијаторот Нимиц. Од кабинетот на премиерот велат дека ке излезат со став откако преговрачите ке се вратат од Њујорк и ке го анализраат последниот пакет идеи на Нимиц. Засега нема никаков кометар - тоа е одговорот и од кабинетот на претседателот. Од наши извори пак дознаваме во пакетот кој преговарачот им го врачи на двете страни и кој го содржи името Република Северна Македонија има неповолни моменти за државава. Нив ги лоцираат во делот на нацијата која според шпекулациите би била граѓани или националност на Северна Македонија со што се загорзува идентитетот и е тотално неприфатливо за нас. Другиот проблем нашите извори го лоцираат во опсегот на употребата на меѓународното име како и во инситарањето на Грција за се што ке биде договорено мегу двете страни да биде потврдено и со резолуција на Обединте Нации бидејки така како што објасниваат во иднина би и биле врзани рацете на Македонија. Но, по оваа ситуација на неизвесност кај домашниот државен врв политичарите ќе треба да седнат на маса и да изградат заеднички став, бидејќи Нимиц изрази надеж дека за две недели ке добие одговор. Партските преставници кои засега се оградуваат од конкретни коментари на најновите случувања очекуваат обединување на државно пратискиот врв за разлика од состојбата пред заминувањето на Димиторв и Протогер. Нема да остапиме од намерата да се постигне консензус вели Илија Димовски од владечаката ВМРО ДПМНЕ повторувајки го нивниот веќе познат став за наоѓање комромис за името:

„Тој став е прифатлив за огромен дел од политичката и општествената јавност во Република Македонија.“

Однесувањето на премирот Груевски е ригидно и покажува дека нема намера да го реши овој прблем - коментира претседателот на СДСМ Зоран Заев

„Но, во секој случај, јас сум непоправлив оптимист и мислам дека при евентуален добар предлог за Македонија, каде што нема да биде нарушен нашиот национален идентитет, јазик, култура и национална посебност, сепак јас како претседател на најголемата опозициона партија, а верувам и другите лидери на партии ќе прават максимален притисок за конечно решавање на овој проблем.“

Иако потенцира дека другите партии а не тие за ова прашање како што вели го имаат главниот забор Тахит Хани од ДУИ очекува по овој последен предлог да се постигне компромис со Грција

„Тоа е поради тоа што ние по секоја цена треба да бидеме дел од ЕУ и НАТО Алијансата. Очекувам дека ние ќе се залагаме да успееме да имаме едно компромисно решение за Република Македонија.“
XS
SM
MD
LG