Достапни линкови

Метју Нимиц понуди нов пакет идеи


Нов пакет идеи за надминување на македонско-грчкиот спор со името понуди медијаторот Метју Нимиц на вчерашната средба во Њујорк со македонските преговарачи Никола Димитров и Мартин Протуѓер и грчкиот преговарач Адемантиос Василакис. Како што изјави Нимиц на прес-конференцијата по средбата, станува збор за пакет идеи кои преговарачите треба да ги однесат на разгледување во Скопје и Атина, а потоа за неколку недели ќе ги очекува официјалните одговори.

„Јас ги сметам за идеи, употребете збор каков сакате, на кој било јазик.Тоа што ќе се случува во иднина зависи од двете страни, најдобро ќе биде ова да се реши веднаш и да се продолжи со позитивни работи во регионот.“

рече Нимиц кој не прецизираше од што се состои пакетот. Повикувајќи се на неофицијални извори, македонските медиуми јавуваат дека во предлогот се споменувало едно име -Република Северна Македонија, но дека во него немало решенија по прашањето за идентитетот.
XS
SM
MD
LG