Достапни линкови

Њујорк: ОН го усвои барањето на Србија за оценување на легалноста на независноста на Косово


Генералното собрание на Обединетите Нации вчера го усвои барањето на Србија да побара мислење од Меѓународниот суд во Хаг за тоа дали независноста на Косово е легална. Барањето го поддржаа 77 земји, против беа шест, а 74 гласаа воздржано. Се очекува судот во Хаг да го изрече мислењето за една или две години. Белград ја поздрави одлуката на светската организација, додека поддржувачите на Приштина сметаат дека таа ќе ги успори интеграциите на Косово во светската заедница.
XS
SM
MD
LG