Достапни линкови

Учествува и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс


Интензивирање на соработката во областа на одбраната во Југоистична Европа, како важен предуслов за безбедноста, но и напредокот во евро атлантските процеси и интегрирањето во НАТО алијансата е главната тема на која во Охрид дебатираат министрите за одбрана во југоисточна Европа. Годишниот состанок на министрите за одбрана започна претпладнево со обраќање на македонскиот премиер Никола Груевски кој рече дека Македонија трпеливо ќе чека да биде исправена неправдата од Букурешт, кога и покрај препораката на САД, земјава не ја доби поканата за членство во НАТО, иако ги исполнивме условите за членство во Алијансата. Груевски порача дека нашите мировници ќе учествуваат и натаму ви мисиите на НАТО во светот:

„Денес сме тука со цел да го продлабочиме нашето разбирање и пријателство. Да ја прошириме политичко воената соработка во регионот, да ги анализираме и разгледаме начините за јакнење на стабилноста и безбедноста на земјите во ЈИЕ како предуслов за натамошно евро атлантско интегрирање на целиот регион.“

На стартот на безбедносниот самит беше откриено спомен обележје за десет годишнината од потпишувањето на Договорот за формирање на мулти националните сили на Југо источна Европа. Ѕвезда на самитот е американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој во Охрид допатува со многубројна делегација од САД, подигнувајќи ја важноста на состанокот на највисоко ниво. Доаѓањето на Гејтс во Македонија се толкува како уште еден сигнал на поддршка што Америка на крајот на мандатот на Буш и ја дава на земјава во процесот на интегрирање во НАТО Алијансата. По средбата на Гејтс со претседателот Црвенковски, премирот Груевски и министерот за одбрана Коњановски се очекува став на државниот врв и американскиот секретар за безбедносната состојба во регионот, посебно по последните случувања на Косово.
XS
SM
MD
LG