Достапни линкови

Во очекување на новиот предлог на Нимиц за името


На вчерашните одвоени средби на македонските и на грчкиот преговарач со медијаторот Нимитц во Њујорк не бил изнесен конкретен предлог туку двете старни ги соопштиле своите позиции. Македонскиот преговарач Никола Димитров изјави дека очекува на денешната заедничка сердба медијаторот да направи таков чекор. Од наша страна беше направено се да се зајакнат македонските позиции во овој процес и да се заштитат интересите на државата и на нацијата, рече Димитров по синоќешната средба. Неговиот грчки колега Василакис пак беше поконкретен. На Нимиц му најавил дека ако другата страна инсистира на двојната формула, евентуалниот нов предлог ќе биде мртов. Меѓу петте заклучоци на ВМРО-ДППМНЕ и владините коалицини партнери кои според брифингот од кабинетот на премиерот Протогер добил мандат да ги презентира е токму двојната фоирмула. Според кабинетот на шефот на државата пак ако тој ја презентира таквата позиција на владата Нимиц би можел да процени дека разликите со грчката страна се големи и поради тоа е неразумно да излегува со предлог. И грчките медиуми најавуваат конкретен предлог. Според нив тој би се базирал на повекето идеи за кои медијаторот раговарал со претседателот Црвенсковски и грчката пефица на дипломатијата Бакојани на маргините на генерално осбрание на Обединеите Нации кое се одржа минатиот месец. Како и да е работите ќе станат појасни по денешната попладневна средба по која во седиштето на светската организација во Њујорк е закажана и заедничка прес конфенција. Во очекување на исходот аналитичарот Слободан Чашуле вели дека ние не треба да се водиме по изјавите на Василакис односно грчката позиција туку треба да отиме со заеднички изграден државен став:

„Ние треба да отидеме на тие преговори еднаш веќе со јасна позиција. Меѓутоа, за жал ја немаме, па според тоа, тоа што ќе се случи вечерва по македонско време, може да биде трагикомична фарса, во која две политички струи кои припаѓаат на истото, за жал, европски миље, ќе направат гестови кои на Балканот ќе му донесат трауми со несогледливи последици,“

вели Чашуле според кој што и да се случи на денешната средба Македонија треба да инзистира на почитувањето на времената спогодба од страна на Грција.
XS
SM
MD
LG