Достапни линкови

Киев: Јушченко од лидерите на политичките партии побара уште еден обид за формирање коалиција


Украинскиот претседател Виктор Јушченко на денешниот состанок со лидерите на политичките партии им предложи уште еднаш да се обидат да формираат владина коалиција. Во спротивно, Јушченко најави дека ќе го распушти на Парламентот и ќе бидат организирани нови избори. Коалиционата влада се распадна во минатиот месец откако привразниците на премиерката Јулија Тимошенко во парламентот го подржаа предлогот на про-руската опозиција за намалување на овластувањата на претседателот на државата.
XS
SM
MD
LG