Достапни линкови

Вашингтон: Втора ТВ дебата меѓу Обама и Мек Кејн


Американските претседателски кандидати Барак Обама и Џон Мек Кејн синоќа го имаа второто јавно соочување, на кое главна тема беше светската финансиска криза. Обама оцени дека Соединетите Држави се наоѓаат во најлоша финансиска криза од Голамата Депресија и вети намалување на даноците за поголемиот дел американци. Мек Кејн, пак, најави дека, ако стане претседател, ќе му нареди на Министерството за финансии да ги купи лошите хипотеки и да им помогне на луѓето кои се соочуваат со проблеми во отплатата на хипотеките.
XS
SM
MD
LG