Достапни линкови

Лондон: Британската влада објави план вреден 50 милијарди фунти за спас од финансиската криза


Британската влада денеска го објави планот, вреден 50 милијарди фунти, за стабилизирање на банкарскиот систем, според кој главните банки во Велика Британија ќе добијат екстра капитал, во замена за државни обврзници. Дополнителни 200 милијарди фунти ќе им бидат ставени на располагање на банките како краткорочни заеми, за обезбедување на нивната ликвидност. Во меѓувреме, берзите во Азија и денеска бележат пад за околу 5 насто, откако синоќа берзата во Њујорк затвори на најниско ниво во последните 5 години.
XS
SM
MD
LG