Достапни линкови

logo-print

Најмногу ризик за земјоделско прехрамбената индустрија


Дел од јавноста во Србија, пред се во министерството за земјоделство, сметаат дека едностраната примена на Привремениот трговски договор, ќе му наштети на домашното производство. Челниците на Европската унија и предложија на властите во Србија да ја покренат примената на договорот, без оглед што истиот не е официјално заверен во Брисел. Од друга страна, Владата и стручната јавност проценува дека со примената на договорот, граѓаните на Србија и српските фирми ќе имаат многу поголем избор, поголема трговска конкуренција, што значи дека граѓаните многу поефтино ќе ги плаќаат производите и услуѓите од земјите членки на Унијата.

Со Eдностранaта примена на привремениот трговски договор, пред предвидениот рок, Србија го отвара својот пазар кон Европската Унија. Примената на тој договор значи намалување на царината за еден производ, но и зголемување на извозот во европските земји. Дел од јавноста, пред се во земјоделството, се противат на примената на договорот, тврдејки дека со неговата примена ќе се загрози домашното производство.

„Сметам дека со отварањето на српскиот пазар за земјоделско-прехрамбените производи кои доаѓаат од Европскт Унија, без повратни реакции од страна на Европската Унија, не е најпаметно решение во овој момент за Србија. Ова за иднината на нашето домашно производство ќе биде голем удар, бидејки за првпат ќе се сретнеме со права конкуренција од странските земји, а тогаш ќе треба многу повеќе да се инвестира во домашниот процес на производство, преработка и извоз на храната, па се до инвестиции кои ќе придонесат за унапредување на конкурентноста“.

Изјави Милош Милованович, заменик министер за земјоделство.

И секретарот на одборот за земјоделство при Стопанската комора на Србија, Милан Простран смета дека со примената на договорот лошо ќе се одрази на земјоделието во Србија.

„На тој начин странските компании ќе можат вишокот на роба да го извезат кај нас. Трба навистина да бидеме претпазливи, бидејки нас не чека тој период на конкуренција, но можеби сега е рано за да го прифатиме“ .

Меѓутоа, во секторот за производство на текстил и кожа, кој и е трет најголем извозник на Србија, се со спротивно мислење.

„Србија мора да биде отворена земја, мора во иднина да ги намали царинските давачки. Не гледам причина како странската конкуренција ќе му наштети на домаѓното производство. Напротив ке придонесе подобрување на пазарот, така што и примената на овој трговски договор ќе биде позитивна работа.

вели Божидар Стојилковиќ, секретар на одборот за текстил при Стопанската комора на Србија.

На прашањето зошто дел од политичката јавност смета дека привремениот трговски договор ќе го загрози домашното производство, економистот Милан Ковачевиќ со одговор:

„Мислам дека воопшто нема да бидат загрозени домашните производи. Дури за нас е корисно производите кои конкурираат на домашниот пазар, односно странските компании ке можат да понудат производи поефтини од оние на домашните производители. Така што тоа е еден начин за нашите производители да ги искористат странските иновации и да почнат да ги контролираат своите трошоци, па тогаш и тие ќе можат да бидат конкурентни и на домашниот и на странскиот пазар. Мораме да се вклучиме во светската заедница“

вели Ковачевиќ

Експертите посочуваат дека без пристапните фондови кои Србија кога тогаш ќе ги добие и Европската унија ќе почне да го применува договорот, многу е мала веројатноста дека ќе може да се вложуваат повеќе средства во извозот. Но тие исто така додаваат дека домашниот пазар мора да бида спремен за прием на силната конкуренција.Со примената на договорот граѓаните на Србија и српските фирми ќе имаат многу поголем избор, поголема трговска конкуренција, што значи дека граѓаните многу поефтино ќе ги плаќаат производите и услуѓите од земјите членки на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG