Достапни линкови

Вашингтон: Вице премиерот Ставревски од денеска во посета на САД


Заменик претседателот на македонската Влада, Зоран Ставрески денеска ќе отпатува во неколкудневна посета на Вашингтон, каде што во својство на претседавач ќе учествува на Генералното собрание на Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд. За време на престојот во Вашингтон предвидено е вице-премиерот Ставрески да се сретне со првите луѓе на овие финансиски институции. Најавени се и средби на Ставрески со претставници на Белата куќа и на Стејт департментот.
XS
SM
MD
LG