Достапни линкови

Охрид: Денеска официјално отворање на годишниот состанок на министрите за одбрана


Денеска во Охрид официјално ќе биде отворен годишниот состанок на министрите за одбрана од земјите од Југоисточна Европа – СЕДМ. На состанокот ќе присуствуваат делегации од 12 земји полноправни членки на СЕДМ процесот и 4 земји кои имаат статус на набљудувач, како и секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс и Командантот на Здружената сојузничка команда на НАТО во Неапол адмирал Марк Фитцџералд. Главни теми на состанокот ќе бидат можното распоредување на бригадата за Југоисточна Европа СЕЕБРИГ во мировни операции и одобрување на годишните планови и документи на СЕДМ процесот. Во текот на денов Роберт Гејтс ќе има заедничка средба со претседателот на РМ Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и со министерот за одбрана Зоран Коњановски.
XS
SM
MD
LG