Достапни линкови

Скопје: Лидерите постигнаа договор за измените на изборниот законик и уставните измени


Лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на синоќешната средба постигнаа договор за измените на Изборниот законик и на Уставот во делот на цензусот за избор на претседател на државата. Петнаесетти март е потврден како термин кога истовремено ќе се одржат локалните и претседателските избори. Договорени се измени што ќе овозможат избор на нов состав на Државната изборна комисија, како и тоа претседателот на ова изборно тело да го предлага опозицијата. Во законските измени исто така е предвидено да им се овозможи гласање на македонските државјани што живеат во странство. Партиските лидери се договориле цензусот за избор на претседател да се намали од 50 на 40 проценти.
XS
SM
MD
LG