Достапни линкови

Охрид: Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс пристигна во Македонија


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс поладнево пристигна во Охрид. Гејтс во Охрид ќе присуствува на годишниот состанок на министрите за одбрана од земјите од Југоисточна Европа – СЕДМ. Тој утре ќе има средби со претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана Зоран Коњановски. Главните теми на состанокот се можното распоредување на бригадата СЕЕБРИГ во мировни операции и одобрување на годишните планови и документи на СЕДМ процесот. Мминистрите за одбрана ќе разговараат и за унапредувањето на меѓусебната соработка во рамките на веќе етаблираните проекти, како и за можното проширување во иднина со нови членки.
XS
SM
MD
LG