Достапни линкови

Разногласите за ставот кој ќе го презентираат преговарачите


Разногласие меѓу кабинетите на претседателот и премиерот во врска со ставот кој денеска на поладневната средба со медијаторот Нимиц во Њујорк ќе го презентираат нашите преговарачи Димтров и Протогер. Од кабинетот на претседателот тврдат дека за прв пат одкога течат преговорите под покровителсто на Обединте Нации преговарачите се без заеднички став на македонскиот државен врв и токму заради тоа тие ке бидат хендикаепирани. Димитров го нема добиено ставот на државата - велат од кабинетот. За разлика од нив од владата уверуваат дека преговарачите има што да презентираат. Двојната формула е нашиот став вели портпаролот Шефик Дураки:

„Нашите преговарачи во Њујорк ќе настапат со веќе познатиот став за двојна формула и дека нема да се прифати промена на Уставот на сметка на промена на името и промена на идентитетот и јазикот.“

За двојната формула пак вчера и по четири часовната средба државно партскиот врв не постигна консензус. Но и покрај тврди Дураки тоа е ставот на државата кој ке го чуе денеска медијаторот. Може ли да се очекува решение на спорот со ваква позиција која за Грција е сосем неприфатлива Дураки вели:

„Тоа не зависи само од нас, да се дојде до договор треба да се има комрпомис. Ние цениме дека компромисот од наша страна е веќе направен со тоа што предлагаме двојна формула.“

Двојната формула де факто ке води кон прекин на преговорите што се водат под покровителство на Обединтете Нации велат од кабинтетот на шефот на државата. Од таму објаснуваат новата реалност по самитот на НАТО во Букурешт преставува неповолен политички контекст за нејзнина промоција во преговорите. И завршниот документ од самитот додаваат од кабинетот во суштина ја дерогира двојната формула како можно решение на спорот.

Разногалсијата и несогласувањата меѓу претседателот и премиерот има и за тоа дали има идеи од медијаторот за кои државниот врв треба да преку преговарачоте денеска да го пренесе ставот. Владиниот портпарол Дураки тврди дека предлог од медијаторот досега нема:

„Сеуште официјално ние не го знаеме новиот предлог на медијаторот Нимиц, кој ќе биде конечен предлог.“

Има рабиотен документ кој пред еден месец им е доставен на двете страни но велат од кабинетот на Црвенсковски владата досега за него не се произнесе. И додека кај нас државниот врв неможе да постигне коснесзус за ова клучно прашање грчкиот преговарач Василакис попланде не медијаторот се очекува да му ги пренсе грчките забелеѓки за последниот пакет идеи на Нимиц. По него на средба заминуваат Димитров и Протегер. Можно е медијаторот и утре да одржи уште една зедничка сердба со двете страни.
XS
SM
MD
LG