Достапни линкови

Продолжуваат перипетиите за добивање Шенген виза


Договорот за визно олеснување со Европската унија не функцинира како што е предвидено, зошто не се отстранети, многуте од препреките што документот требаше да ги реши. Договорот во пракса не се применува до крај. Постојат разлики меѓу декларацијата на Европскит совет дека промовиарњето на конатктите меѓу луѓето од западниот Балкан и ЕУ е од најгоелмо значење и она што навистина се случува во пракса. Повеќето луѓе кои работат надвор од нашата земја како бизнсмени, наведуваат дека се обидуваат да станат интересни за странските инвеститори, но нивните планови остануваат обременети од визната политика која не е без примеси на потешкотии зошто се бараат докумнтите на хартија или во електронска форма:

„Визни олеснувања практично и не функционираат онака како што се на хартија. Практично без додатни писма и препораки, коишто го отежнуваат самиот процес на вадење на визите. Сепак, тоа одземање на време коешто влијае на нивниот бизнис.“

Повеќето патувања се остваруваат со однапред земени Шенген визи за повеќе години додека многу полесно се доаѓа до визите кога бизнисмените веке имаат остварено подолгогодишна соработка со одредена земја, напоменува Катерина Пановска од Сојузот на Стопанските комори.

„Во сите практично амбасади има потешкотии при вадење виза, но како што напоменуваат стопанствениците многу е полесно да се земе виза кога таа соработка постоела и претходно. Олеснувањата, главно се чувствуваат на тој план, при праќањето покани или кога веќе е одредена конкретна активност, каде што би требало да биде патувањето.“,

Договорите за визни олеснувања и реадмисија меѓу Македонија и ЕУ предвидуваат и Давачките за визи ќе останат на 35 евра и покрај зголемувањето на 60 евра за голем број други држави ширум светот, а за одредени групи на граѓани, како што се пензионерите и студентите, ќе бидат бесплатни:

„Што се однесува до процедурата, приватно бев на конференција за Стокхолм и Лондон и имаше доста денови да чекаме, да поднесеме документи, пак да чекаме. Олеснет е само финансискиот дел,“

вели Нина Јанева од Стдентскиот Парламент на Универзитетот Св Кирил И Методиј.

Договорите, потпишани во септември годинава, предвидуваат олеснувања при вадење виза при краткотрајните патувања во Унијата за граѓаните на Македонија. Одредени категории на лица кои често патуваат ќе добиваат визи со повеќе влезови и со подолг период на валидност. Договорот за вини олеснуавања стпаи на сила на 1 јануари за граѓаните на Македонија, Србија Црна Гора, Босна и Херцеговин и Албанија со цел да им се олесни добивањето на визи за патување во ЕУ. Многу луѓе не гледаат рзлика меѓу ситуацијата пред и по стапувањето на сила на договорот и од овие причини македонските граѓани препорчуваат дека би било поцелисходно напореите да се наосочат кон укинување на шенгенскиот режим.
XS
SM
MD
LG