Достапни линкови

Охрид: Од денеска до четврток годишен состанок на министрите за одбрана од ЈИЕ


Охрид од денеска до четврток ќе биде домаќин на годишниот состанок на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа вклучени во СЕДМ процесот. На состанокот, покрај министрите за одбрана на државите од регионот, се очекува да присуствува и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс. Во СЕДМ се вклучени 12 земји Соединетите Држави, Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Турција, Украина, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина и четири земји набљудувачи - Грузија, Молдавија, Црна Гора и Србија.
XS
SM
MD
LG