Достапни линкови

logo-print

Двојната формула е во спротивност со наше активно учество во преговорите, изјави Црвенковски


Без усогласен став, заврши средбата на лидерите на најголемите, но и на помалите политички партии посеветена на името, пред средбата во Њујорк на медијаторот Метју Нимиц со македонските Димитров и Протуѓер и грчкиот преговарач Василакис. Претседателот Црвенковски изрази жалење што е пропуштена шансата двајцата македонски преговарачи да заминат во Њујорк, со став преку кој ќе може да се насочи медијаторот Нимиц, пред формулирањето на неговиот можеби и како што рече, конечен предлог за името:

,,За жал и премиерот, а подоцна и неговите коалициони партнери инсистираа на на останување на двојната формула како позиција, што е во апсолутна контрадикција со евентуално активно учество во разговорите, бидејќи неможете од една страна да кажете дека позицијата на Македонија е двојната формула, а во исто време да се обидувате да модифицирате предлог кој што не е тоа.“

Изјави Црвенковски.
Наспроти претседателот, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски информираше дека на средбата било предложено донесување на пет заклучоци. Прво, политичките лидери да ги реафирмираат ставовите за стратешките евро-атлантски интеграции, дека државата останува активно во преговарачкиот процес, третиот предлог заклучок се однесувал на двојната формула, односно дека таа може да биде сметана како разумен компромис. Се предложило и донесување на заклучок според кој македонските преговарачи нема да бидат овластени да прифатат решение што би можело да му наштети на идентитетот, а како последно било барањето на реферндум:

,,За жал претседателот Црвенковски и две помали опозициони партии не беа во можност ова да го согледаат како една заедничка позиција.“

Рече Милошоски. За евентуално негативниот исход по прашањето за името, изјави пак по средбата в.д. претседаелот на опозициониот СДСМ Зоран Заев, одговорност ќе сноси власта:

„Со ваквото однесување и потенцирање на веќе откажан став на државата, односно двојната формула, ја доведуваме државата во потполна изолација.“

Албанскиот коалиционен партнер во владата-ДУИ, на разговорите настапиле со став дека поддржуваат решение што ќе биде резултат на консензус меѓу македонските партии, но за нив не е прифатливо:

„Решенија што ќе го содржат словенскиот елемент, односно Словенска Република Македонија, Славо Македонија или Поранешна Југословенска Република Македонија.“

Истакна Ермира Мехмети од ДУИ. На средбата на учестуваше ДПА, поради тоа што на неа претходно не било најавено дека ќе учестуваат и помалите парламентарни партии. Власта изрази подготевност за повторна лидерска средба откако евентуално ќе биде доставен конечен предлог за името.
XS
SM
MD
LG