Достапни линкови

logo-print

Европа: Големи падови на берзите поради финансиските проблеми во Европа


Берзите во Европа и во Азија денеска забележаа големи падови поради финансиските проблеми во Европа и очекувањата на резултатите од американскиот план за спасување на глобалната економска криза. Вчера германската влада соопшти дека ќе ги гарантира сите приватни банкарски депозити во земјата и оти ќе одели пеесет милијради евра за спас на Хипо Риал Естејт, најголем план за спасување на една банка во Германија. Во меѓувреме, цената за барел нафта падна под девеесет долари. Од јули годинава досега цената на нафтата падна за четириесет проценти.
XS
SM
MD
LG